Press release - School visit in FYROM

Кое е местото на културата во иднината на Европа?

Тинејџерите од Скопје се подготвуваат да му кажат на Брисел

 

На 9 февруари во 12.00 часот, училиштето Сепугс Васил Антевски Дрен во Скопје ќе го пречека г-динот Роман Хакен, член на Европскиот Економски и Социјален Комитет, да ги направи подготовките за “Твоја Европа, Твоја одлука (YEYS),  младинското собрание кое ќе се одржи во Брисел на 15-16 март 2018.

Триесет и три училишта ширум Европа, од 28 земји-членки на ЕУ и пет земји-кандидатки ќе дојдат во Брисел и ќе им кажат на европските институции каква улога гледаат тие за културата во иднината на Европа. Тие ќе разменат мислења, дебатираат и ќе гласаат за три предлози кои европските институции ќе ги вклучат во нивните политики.

Г-динот Хакен ќе работи со учениците пред одржувањето на состанокот за да ги подготви одговорите на некои од клучните прашања поврзани со иднината на европската култура:

  • Што претставува европската култура:дали е само збир на национални традиции или пак има заеднички вредности кои не прават сите нас европејци?
  • Која е улогата на културата и културните размени во животите на учениците?
  • Што може Европската Унија да направи за промоција на културата (кино, музика, танц, литература, театар, итн.) за да подобро ги заштити културните знаменитости?
  • Каква улога може да одигра културата во економската преродба на регионите и градовите на Европа?
  • Како може ова преродба да создаде нови можности за младите во поглед на нови работни места?

Наречена "Твоја Европа, твоја одлука!" (YEYS), настанот се организира од Европскиот Економски и Социјален Комитет (ЕЕСК), гласот на граѓанското општество на европско ниво, и ова е главниот настан на овој Комитет за млади. Преку оваа иницијатива, ЕЕСК сака да се осигура дека гледиштата, искуствата и идеите на помладата генерација се земаат предвид во правењето на политиките на ЕУ.

Роман Хакен е член на ЕЕСК од 2006 година и тој е активен во рамките на Групата на различни интереси.

Подетални информации за YEYS 2018 може да најдете на официјалната страна на овој настан и во минатогодишното видео кое може да го преземете тука.

Work organisation

Downloads

Press release - School visit in FYROM